Познатиот британски истражувач сер Дејвид Атенборо за првпат се пријави на Инстаграм со цел да ја сподели неговата порака за заштита на животната средина.
„Го правам овој потег … затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја“, рече тој во својата прва видеопорака на социјалната мрежа.
„Континентите горат. Глечерите се топат. Коралните гребени умираат … Списокот продолжува и продолжува”, рече истражувачот.
„Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик.“
За еден час по неговата прва објава, познатиот ветеран водител веќе стекна повеќе од 200.000 следачи.
Тенисерот Енди Мареј, фитнес-тренерот и нутриционист Џо Викс беа меѓу оние кои објавија пораки за добредојде.