Руската агенција "Роскосмос" објавила документи за лунарниот програм на Советскиот Сојуз кој, како што се наведува, кон крајот на 60-тите години имал намера прв на светот да постави астрономска опсерваторија на природниот сателит на Земјата.
На сајтот на државната агенција се наоѓаат 46 документи, како и фотографии, илустрации и видео-хроники посветени на мисијата.
"Предложената техничко-организациска насока на работата ќе пружи реални можности за создавање на првата на светот лунарна опсерваторија веќе во 1968-1969-та година. Таквата опсерваторија ќе стане прототип за идните лунарни станици, наменети за вршење на трајни и сеопфатни служби на Сонцето, Земјата, планетата и ѕвездите", се наведува во документот, кој го потпишал директорот на Централно-научниот истражувачки институт за машинство Јуриј Можорин во 1967-ма година.
Исто така е истакнато дека Месечината е природна и прилично стабилна платформа за астро-телескопски системи, како и дека од неа може да се набљудува било кој објект во вселената во текот на 14 дена. Тој овозможува да се спроведат астрофизички истражувања без влијание на атмосферата.
Астроносмката опсерваторија требало да биде направена на основа на лунарниот модул E-8 и лансирана на Месечината со помош на ракетата-носач "Протон-К".
Според декласифицираните документи, планирано е првата советска лунарна база, која требало да биде распоредена во 70-тите години, да овозможи престој за три космонаути во текот на 20 дена.
"Тежината на лунарната станица е 8 тона, времето за престој на Месечината е 20 дена, бројот на космонаутите е три", стои во документот.
Според документот, првите лансирања во склоп на формирањето на лунарната база требало да се случат во 1973-та година. Меѓутоа, на плановите не им било судено да се остварат. Во период од 1969-1972 година, сите четири лансирања на супертешката ракета-носач N-1 од космодромот Бајконур завршиле со несреќа, по што советскиот лунарен програм бил затворен.