Камерите фатиле возач во неверојатна позиција: Полицаец вели дека никогаш во кариерата не видел такво нешто...

Точка

24/09/2020

16:33

2.772

Големина на фонт

а а а

21-годишен возач од Австралија е фатен како за време на возење шмрка бела супстанца, најверојатно кокаин, на автопат во близина на Сиднеј.

Камерите го снимиле на автопатот М4 како наместо да ги држи рацете на воланот, тој шмрка дрога од екранот на неговиот телефон. Притоа, воланот го држи неговиот совозач, што е уште еден сериозен сообраќаен прекршок.

21-годишниот возач експресно е обвинет за неколку кривични дела, а меѓу другото, се товари за возење без соодветно контролирање на возилото, несовесно возење и недозволено користење на мобилен телефон за време на возење.

Полицаецот Бил Дарнел за австралиските медиуми изјави дека во текот на својата кариера сè уште не видел вакво нешто.

Дарнел додаде дека „верува дека лицето шмркало кокаин или слична дрога зад воланот, но каква супстанца тоа било или што правел со неа, тоа е дел кој нема да можат да го докажат“.

Пред судијата во Блектаун возачот би требало да се појави во текот на следниот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг