Канализацијата исфрлила 22 тони смет, а комуналните работници „замрзнале“ кога го погледнале ова...

Точка

24/09/2020

15:39

6.820

Големина на фонт

а а а

Работниците на комуналното претпријатие во Мексико Сити биле шокирани откако меѓу огромната количина на смет која ја исфрлила градската канализација, пронашле гигантски стаорец.

Имено, обилните дождови во мексиканскиот главен град ја преоптовариле градската канализација, па на површина излегле дури 22 тони смет. Меѓу другото, светлото на денот го здогледал еден монструозен стаорец со големина на помал автомобил.


Но, после првичниот шок, работниците сфатиле дека станува збор за костим за Ноќ на вештерките кој некако бил заглавен во канализацијата и таму останал со години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг