Пронајден новинарот кој ја откри вистината за Вухан: Никој не е изненаден од тоа каде се наоѓа...

Точка

24/09/2020

17:24

6.544

Големина на фонт

а а а

Конечно пронајден е кинескиот новинар кој исчезна во февруари додека известуваше за справувањето на кинеските власти со епидемијата на коронавирусот во Вухан, извести негов пријател, откривајќи дека тој се наоѓа во затвор.

Чен Киуши, поранешен адвокат кој станал репортер, известуваше од болниците и улиците на Вухан од 23-ти јануари и поради неговото ненадејно исчезнување се појави бран на критики кон кинеската влада која беше обвинета за лов на новинари и свиркачи.

Кинеските власти не открија каде се наоѓа, ниту каква е неговата здравствена состојба, но неговата мајка недолго по исчезнувањето изјави дека е во присилен карантин.

Неговиот пријател Су Сиаодонг на "YouTube" објави дека Чен е во добра здравствена состојба, но и натаму е под надзор во одреден владин оддел во установа во кинеската покраина Шандонг, иако властите ветиле дека нема казнено да биде гонет.


Су наведе дека кинеските власти порачале дека засега нема да биде подигнато обвинение откако истрагата во Кина, Хонгконг и Јапонија покажала дека тој никого не провоцирал, ниту пак бил во контакт со опозициски групи во земјата и во странство.

Досега имаше бројни теории околу тоа каде се наоѓа овој новинар, а многумина се сомневаа дека е во таен притвор кој на властите им овозможува одредено лице да биде задржано шест месеци без обвинение. Единствено што семејството и пријателите на Чен го знаат е тоа дека тој не е слободен.

Кинеските власти уапсија неколку новинари кои известуваа за избивањето на епидемијата на коронавирусот во Вухан, а исто така беа уапсени и неколкумина доктори кои јавно проговорија за коронавирсот и за доцната реакција на кинеските власти за сузбивање на ширењето на вирусот.

Не пропуштајте: Милијардерот кој го нарече кинескиот претседател „кловн“ доби затворска казна од 18 години!

Кинеската Комунистичка партија која ја води Си Џинпинг користи зајакнати репресивни мерки против опозиционерите и дисидентите. Оваа седмица „настрада“ и кинескиот милијардер Рен Зигјанг - некогашниот богат трговец со недвижнини и критичар на претседателот Џинпинг беше осуден на затворска казна од 18 години поради корупција.

Зигјанг исто така исчезна недолго откако објави есеј во кој порача дека Џинпинг изглед како кловн поради начинот на кој управува со корона кризата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг