Во стилот на 2020-та година: Близу Земјата ќе помине астероид – ова се очекувањата

Точка

24/09/2020

15:16

2.902

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува „ScienceAlert“, астероидот денеска во секој момент треба да помине помеѓу Земјата и Месечината, на околу 27 илјади километри од нашата планета.

Астероидот со име „2020 SW“ се очекува да помине денеска на оддалеченост од нашата планета од 27 илјади километри.

Како 2020-та година да не е преполна со настани кои што не можеме да ги контролираме...

Како што пренесуваат од Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата, астероидот со име „2020 SW“, е премал за да ни наштети, а поради Земјиното гравитациско поле исто така можно е да го промени и правецот на движење.


Подгответе ги телескопите

Астероидот како што ќе се приближува до планетата Земја, така ќе станува посветол, но нема да може да се забележи со голо око, а нареден пат истиот ќе нè посети на 3-ти јуни 2029-та година.

Ова не е првпат да имаме ваква средба годинава. Имено, на 18-ти септември, научниците од опсерваториумот „Mount Lemmon Survey“ во Аризона, забележале астероид кој што доколку би удрил во Земјата би бил голема опасност.

Интересно е тоа што NASA се занимава со проучување на помалите вселенски тела и само во септември открила околу 244 такви објекти кои што се нашле во близина на Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг