Достовски: „Денеска треба да ја добијам пресудата за она на 'М'“

Точка

24/09/2020

13:58

1.625

Големина на фонт

а а а

Активистот Филип Достовски кој произведува масло од канабис ги повика граѓаните на собир пред Кривичниот суд, каде денеска од 13 часот треба да се донесе пресуда за неговиот предмет.

„Во четврток, 24 септември, во 13 часот треба да ја добијам пресудата за она на ‘М’. Основно човеково право на секој е да се бори за своето и за здравјето на останатите, отакако знам за себе животот го посветив на едукација за сите полезни својства на канабисот“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Тој е основач на движењето „Зелена алтернатива“ и поборник за лековитите својства на канабисот од кој произведува масло.

Во четврток, 24 септември, во 13 часот треба да ја добијам пресудата за она на "М". Основно човеково право на секој е да...

Posted by Filip Dostovski on Вторник, 22 септември 2020

„Бројните семинари, учество на светски конференции ми помогна да ги помрднам нештата напред. Се надевам дека ќе ја добијам поддршката од сите на кои маслото им помогна, од сите кои веруваат дека може да им помогне, од сите кои марихуаната ја употребуваат рекреативно и знаат дека не станува збор за никаква дрога или зависност. Четврток, 12:30 часот пред Кривичен суд“, се вели во јавното соопштение на Достовски.

Пред четири години полицијата во неговиот дом пронајде див коноп кој според Достовски бил многу добар за епилепсија.

Првото рочиште против Достовски започна во 2018-та година, кога граѓаните протестираа пред Кривичниот суд како поддршка за него и декриминализацијата на канабисот.

Не пропуштајте: Филип Достовски за Точка - Канабисот не е дрога! Не исполнува ниедна дефиниција за дрога или наркотик!




Спонзорирани линкови

Маркетинг