Руската амбасада во САД: Вашингтон да се бори против коронавирусот, а не против руската вакцина

Макфакс

24/09/2020

13:31

982

Големина на фонт

а а а

Руската амбасада во Вашингтон ја повика американската администрација да ги насочи своите напори кон борба против коронавирусот наместо да ја критикува руската вакцина, пренесува ТАСС.

„Не обидувајте се да го минимизирате конструктивниот предлог на претседателот Путин наскоро да се одржи онлајн конференција на високо ниво за земјите заинтересирани за соработка во развојот на вакцините против Ковид-19. Спасувајте ги американските животи. Борете се против Ковид-19, не против руските вакцини“, се вели во изјавата амбасадата на Твитер.

Амбасадата ја приложи пораката на портпаролот на Стејт департментот на САД, Морган Ортагус, во која тој изразува сомнеж во ефикасноста на руската вакцина.

Во исто време, амбасадата го објави текст од брифингот за медиумите во Белата куќа, за време на кој секретарот за печат, Кејли Мекенани, рече дека претседателот Доналд Трамп не ја исклучува можноста за употреба во САД на вакцини произведени од други земји.

На прашањето за руските и кинеските вакцини, прес-секретарот одговори цитирајќи го Трамп дека ќе ѝ се поклони на земјата што произведува вакцина што функционира.

Во говорот пред Генералното собрание на ОН, рускиот претседател Владимир Путин предложи наскоро да се одржи онлајн конференција на високо ниво за земјите заинтересирани за соработка во развојот на вакцини против коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг