Тотенхем одлучи да преземе максимално строги мерки при гостувањето во Скопје по повод квалификацискиот меч од третата рунда против Шкендија во Лига Европа, а веќе познато е дека Жозе Мурињо и неговите соиграчи по слетувањето во македонската престолнина, ќе се упатат во хотел и ќе седат во него до почетокот на мечот.
Португалскиот стручњак нема да одржи прес-конференција во Скопје и Тотенхем нема да одржи ниту тренинг на Националната арена на која ќе се игра мечот, па затоа пред полетувањето за Македонија, Жозе одработи интервју за клупската телевизија и направи своја најава за она што го очекува.
– Не бевме далеку од лоша ноќ во Бугарија и утре не ни треба такво искувсто како тоа минатата седмица. Знаеме дека гостувањето во Скопје може да биде непријатно. Се игра само еден меч, во нашиот случај, ние играме на гостински терен. Овие натпревари се голем момент за овие земји, за овие клубови и играчи, да играат против Тотенхем, да играат против топ играчи.
Обично не гледаат на телевизија, а сега ќе играат со нив. Со неколку играчи од Бугарија го зборував за тоа и самите ми порачаа дека навистина го делат моето мислење, – порача Жозе, кој нагласи дека му е многу жал што Македонците нема да можат да присуствуваат на стадионот.
– Во Македонија ќе биде исто, жал ми е што стадионот ќе биде празен. Ќе беше навистина неверојатно за нив да не гледаат, но ќе мора да не гледаат само на телевизија. Навистина ми е многу жал за нив, – додаде Жозе, кој за крај откри дека ја анализирал Шкендија со помош на Горан Пандев.
– Ги анализиравме, дури му се јавив и на мојот поранешен играч Пандев, тој е газда на тимот кој играше последно против Шкендија во првенството. Го познавам стадионот, играв таму во Суперкупот, ќе кажам дека ќе биде слично како против Бугарите. Подобри сме, но треба да постигнеме голови. Во Пловдив немавме лош меч, но беше тешко и страдавме на крајот поради неискористените шанси. Се надевам дека мечот против Шкендија ќе тргне во друг правец уште од стартот, – заврши Жозе.