Целосен колапс: Поради една изјава на Илон Маск вредноста на „Tesla“ се намали за 50 милијарди долари...

Точка

23/09/2020

19:22

4.363

Големина на фонт

а а а

Кога бил претставен планот за новата батерија и стратегијата за произведување, дошло до хаос.

Инвеститорите ја „срушиле“ пазарната вредност на „Tesla“ за 50 милијарди долари, откако главниот и одговорен директор на компанијата, Илон Маск, изјавил дека радикалното намалување на цената на автономните електрични возила на 25.000 долари ќе биде возможно за дури три години.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Илон Маск најави: Најевтиниот автомобил на Тесла ќе чини 25 илјади долари

Пазарната капитализација на „Tesla“ за само два часа паднала за 20 милијарди долари поради тоа што Маск и другите раководители на „Tesla“ го претставиле планот за новата батерија и своите стратегии за производство, пренесува „Ројтерс“.


Акциите на затворањето на берзата веќе биле во минус за 5.6 отсто, а по работното време се зголемиле за дополнителни 6.9 отсто.

Инвеститорите очекувале две значајни најави на Маск, за развојот на батеријата за возење од половина милја која што ќе трае десет и повеќе години и конкретни податоци за намалувањето на трошоците врз основа на кои што цената на електричните возила би била пониска од автомобилите на бензин.

Наместо тоа, тој ветил дека во наредните неколку години ќе ги намали трошоците за произведување на батериите за половина, со новата технологија и процесот на производство.

„За три години можеме да направиме автомобил од 25.000 долари кој што во основа можеби ќе биде подобар во споредба со автомобилите на бензин“ - изјавил Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг