Дали фотографијата е од 1996-та година или пак од вчера? Атрактивната актерка ја збуни јавноста со заедничка фотографија со шармантниот актер

Точка

23/09/2020

17:47

4.525

Големина на фонт

а а а

Тие двајца спаѓаат во најуспешните актери во Холивуд, но очигледно е дека станува збор за актери кои што едноставно не стареат.

Сепак, оваа фотографија навистина ќе ве остави без зборови.

Убавата актерка Риз Витерспус и нејзиниот шармантен колега Пол Рад, се ѕвезди на кои што годините навистина не им можат апсолутно ништо, а фасцинациите за нивниот младолик изглед одат толку далеку што на интернет можат да се најдат и различни видови квизови во кои што се погодува дали фотографиите настанале во деведесеттите или пак во ова доба - малкумина даваат точен одговор.

Риз вчера споделила една нивна стара фотографија и кометирала дека таа и Рад правеле селфи фотографија уште пред тој начин на фотографирање да стане популарен.

„Чекајте малку... Дали јас и Пол Рад правевме селфи во 1996-та година?“ - напишала актерката.

Меѓутоа, нејзините следбеници и медиумите многу се заинтригирале од тоа што тие не изгедаат помалку младо отколку што изгледаат денес, иако оваа фотографија е настаната пред 24 години.

„Ова е потврда дека Пол Рад навистина поседува временска машина“ - прокоментирала некоја обожавателка на фотографијата на Риз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг