Илон Маск најави: Најевтиниот автомобил на Тесла ќе чини 25 илјади долари

Точка

23/09/2020

16:16

2.713

Големина на фонт

а а а

Илон Маск верува дека неговата компанија во иднина ќе произведува дури 20 милиони електрични автомобили годишно.

Основачот на компанијата откри дека Тесла планира да започне со производство на сопствени погонски батерии и поради тоа, цените на автомобилите ќе бидат значително пониски од актуелните цени.

Целта на Тесла е нивните електрични автомобили да чинат колку и еден сличен модел со мотор на внатрешно согорување.


Преведено во долари, Илон Маск планира цената на Тесла автомобилите во иднина да започнува од 25 илјади долари. Само за споредба, моментално најевтиниот автомобил во понудата на американскиот производител чини 38 илјади долари.

Како резултат на поевтинувањето на цените на електричните автомобили, се очекува и се помасовна продажба ширум светот, а Маск вели дека Тесла во еден момент во иднина, планира производство на 20 милиони возила годишно, што е огромен скок во однос на овогодишното планирано производство на 500 илјади автомобили.


Меѓутоа, првиот човек на компанијата вели дека батеријата на Тесла се уште не е подготвена и дека е потребно да се работи на зголемување на капацитетот на самата батерија и намалување на трошоците, а потоа и организација на производството.

За сето ова, Маск си даде рок од три години, што значи дека не треба да се очекува производство на батериите на Тесла пред 2022-ра година. Кога станува збор за цената на батериите, според неговите зборови, клучно е таа да биде под 100 долари за 1 kWh.



Спонзорирани линкови

Маркетинг