Легендарниот голман на Барселона открил колку е „расипан“ Меси: Доколку ова е вистина, многумина ќе го сменат мислењето за него...

Точка

23/09/2020

16:26

6.327

Големина на фонт

а а а

Андони Зубизарета (58) осум сезони беше прв голман на Барселона, а своевремено бил прогласуван за еден од најдобрите во светот.

Сега легендарниот Зуби отворено проговорел за ситуацијата во клубот и влијанието на Лео Меси на сите случувања во Барселона.

Познато беше дека Меси не е баш „душа од човек“, но не и дека неговата друга страна е толку многу „опасна“.

Одвреме-навреме од соблекувалната на Барселона знаеја да се слушнат гласини дека Аргентинецот често е лош кон своите соиграчи и тренери, особено по лошо одигран натпревар или пак пораз.


Тогаш знаел да има и хистерични испади кон сите околу себе, се заканувал и упатувал навреди.

Отворено за тоа проговорел легендарниот голман на Барселона, Андони Зубизарета (58) кој што и по богатата кариера, од 2010-та до 2015-та бил спортски директор на Барселона.

Лео Меси во Барселона е од 2004-та годна, а оттогаш до денес на „Камп Ноу“ се смениле осум тренери.

„Се сеќавам кога Мартино повеќе пати пред сите му зборуваше на Меси: „Знам дека можеш да се наречеш претседател и дека можеш веднаш да ме смениш. Но, не мораш да „ми го вадиш низ нос сето тоа секој ден. Го знам јас тоа многу добро и сам“. Не му беше лесно, тоа се тешки и стресни ситуации...“ - изјавил Зубизарета.


За жал, Мартино издржал само една сезона, а по него пристигнал Луис Енрике.

Три години Меси морал да го „слуша“ и да биде мирен, за потоа во 2017-та година да дојде Ернесто Валверде за на крај токму Меси да влијае за неговото заминување од клубот.

Со доаѓањето на Роналд Куман, Меси повеќе немал никакво влијание во соблекувалната, тој веднаш му дал до знаење дека нема да ги толерира неговите игри.

Наводно, токму тоа била причината поради која Меси сакал да си заниме ова лето од Барселона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг