Колку ќе му се промени секојдневието на секој што меѓу првите ќе ја добие вакцината?

Точка

23/09/2020

15:35

1.731

Големина на фонт

а а а

Додека САД се подготвуваат за масовните напори за да го вакцинираат населението против коронавирус, медицинските работници полека ги планираат сите детали за воведување на вакцините во здравствениот систем.

И покрај тоа што внимателно се следи објавата на различните вакцини на пазарот, прашањето за нејзината безбедност ќе биде на првото место, пишува "USA Today". 

За да ги следат реакциите во реално време, првите луѓе кои ќе ја примат вакцината против коронавирус првата недела по вакцинирањето секојдневно ќе добиваат електронска пошта и СМС пораки со прашање како се чувствуваат. После тоа, наредните месец и половина ќе добиваат исти пораки, но еднаш неделно.

Се очекува дека во првиот бран на имунизација вакцина ќе добијат околу 20 милиони Американци и тоа оние кои вршат дејности кои се класифицирани како примарни. Тука спаѓаат здравствените работници, полицијата, пожарникарите, болничарите, работниците во прехранбената и слични критични индустрии, и потенцијално наставниот кадар во училиштата. Се верува дека до крајот на годината ќе биде достапна најмалку една од неколкуте кандидати за вакцина.

Мејловите на вакцинираните Американци ќе им ги праќа Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), рекол Том Шимабукуро, од нивното одделение за планирање на вакцина против коронавирус.

Во првата недела на луѓето ќе им се поставуваат четири прашања:

- Дали чувствувате било каква болка, црвенило или чешање во местото на убодот?

- Дали чувствувате главоболка, болки во зглобовите, болки во мускулите или телото, замор, мачнина, повраќање, дијареа, болки во стомакот или осип?

- Дали имате да пријавите некои други симптоми или променета здравствена состојба?

- Дали некој од симптомите предизвикал: 1. Да пропуштите одење на работа 2. Да не можете да ги вршите вообичаените секојдневни активности 3. Да морате да побарате помош од лекар или друг здравствен работник?

Секој што ќе се изјасни дека не може да работи, да врши секојдневни активности или треба да посети доктор, автоматски ќе се означи како некој кој имал "клинички важен несакан настан" и ќе добие повик од Центарот за вакцина на CDC објаснил Шимабукуро.

Со оглед на тоа дека се очекува дека во првата фаза на дистрибуцијата ќе недостасуваат вакцини, ограничените групи на горенаведените групации ќе мора да се пријават однапред за да бидат вакцинирани. За сите моментални кандидати за вакцина на коронавирус потребни се две дози на вакцини.

Секој што ќе добие вакцина ќе мора да потпише договор кај својот здравствен работник за да може да добие ажурирања за понатамошно вакцинирање и други информации. Тоа ќе вклучува и давање на мејл адреса или број на мобилен телефон, кој ќе се користи и за воспоставување на контакт поради пријавување на несакани реакции, пренесува "Blic.rs".

Пациентите ќе бидат известени дека нивните податоци за контакт ќе се користат за да се поврзат со CDC. Исто така, ќе имаат можност и да одбијат некои од дополнителните здравствени прегледи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг