Германски угостител на непушачите им дал 5 дена повеќе одмор: Еве како реагирале вработените во неговиот ресторан

Точка

23/09/2020

13:23

2.874

Големина на фонт

а а а

Еден германски угостител на своите вработени кои не пушат им дал пет дена повеќе одмор од нивните колеги пушачи.

"Претходно меѓу вработените имаше расправии како "овој повторно оди да пуши". Тоа не е критикувано без врска, бидејќи кога ќе се соберат сита паузи за пушење се добива неверојатно многу потрошено време", ја објаснил угостителот Хелмут Глас од Нојштад својата одлука. 

Вели дека ги ставил своите вработени пред одлуката дали се за постојани паузи за пушење или пет дена повеќе одмор.

Тоа, како што наведуваат медиумите, е правно сосема исправно, а неговиот систем наишол на големо одобрување во Германија.

Инаку, тој има 12 вработени, од кои пет пушачи и седум непушачи.

Еден вработен рекол дека ќе престане да пуши поради повеќето денови одмор, но шефот го фатил како пуши во подрумот, па морал да се откаже од одморот.

Шефот на кујната, на другата страна, кој по 15 години сега сака да престане да пуши, и натаму храбро се држи до непушачкиот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг