Неколку мејкап совети за синооките девојки

Точка

22/09/2020

22:59

2.790

Големина на фонт

а а а

Денес мејкап можностите и идеите се неограничени, но, сепак постојат некои правила кои треба да се почитуваат ако не сакате да се постигне спротивен ефект.

Вистина е дека не им прилегаат на сите истите стилови и бои, па пред да одлучите да ископирате некој изглед, размислете за тоа што најдобро ја истакнува вашата природна боја и форма на очите, што му одговара на вашиот тен... Овој пат ви откриваме неколку правила за оние со сини очи:

Ако сакате да ги истакнете очите

За сините очи да дојдат до израз, изберете топли бои и комплементарни нијанси на портокалова боја - сенка од бакар, корал или бронза.


Ако повеќе сакате природен изглед

За оние кои сакаат природен изглед, експертите предложуваат мат-нијанси со кафени сенки - во овој случај изберете ја онаа која најмногу одговара со вашата природна боја на кожата.

Ако сакате малку подраматичен изглед

Сакате 'smokey eyes' ефект? Црните 'smokey eyes' на сини очи секогаш изгледаат пренагласено, па не е ни чудно што синооките девојки често носат кафена верзија на 'smokey eyes' техниката. Кафените нијанси повеќе прилегаат со природната боја на очите, а освен тоа ќе добиете и поприроден ефект. И еднаков интензитет на драма.


Ако сакате понежен изглед

Синооките девојки можат да изгледаат романтично и нежно, само ако го сакаат тоа. Потрудете се вашиот мејкап да биде лесен и да се базира на посветли нијанси, за да се истакне природната боја на вашите очи. Со други зборови - нежни розови тонови на усните, светло руменило, па дури може и сина маскара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг