Музика, театар, изложби и поезија на 16-то издание на „Бела ноќ“ во Скопје

Точка

22/09/2020

20:36

3.047

Големина на фонт

а а а

На 10 различни локации низ градот, со концерти, изложби, филмски проекции, театарски содржини и други културни содржини, оваа година на 26-ти септември ќе се одржи 16 издание на „Бела ноќ“.

„Бела ноќ“ ќе започне во 18 часот со концертот „Ние сме од Скопје“ пред МКЦ, на кој ќе учествуваат „ПМГ Колектив“, „Сетстат“, „Барум Барум“, „Галатеа“, Роботек, Видиновски, „Кантон6“, Александар Велики, „Искра“, „Светлост“, а потоа паралелно ќе се одвиваат преостанатите настани низ Скопје. Во Младинскиот културен центар ќе бидат отворени и изложбите „П0вт0рн0 на 0“ – фотографии на Илина Арсова, но и изложба во чест на Димитар Младеновски. Влезот за настаните е бесплатен, а билетите можат да се подигнат во билетарата на МКЦ.

Во 19 часот, на Архитектонскиот факултет ќе биде отворена изложбата „Urban snake experience“, на која ќе се собираат сретства за интервенција во дворот на студентски дом Гоце Делчев, а истовремено во паркот „Ибни Пајко“ ќе започне театарската претстава „Не ми го чепкај пивото“, од театарот „Златен Елец“. Во паркот „Ибни пајко„ присутните ќе може да ги видат и светлосните инсталации на Андре Ѓеоргиевски и Ана Трајковска, како и онаа на Перо Кованцалиев.

20:30 концерт - СЦ Борис Трајковски

- СКОПСКИ ЕВЕРГРИНИ - Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Дарио, Јаков Дренковски, Силви Бенд, Мики Јовановски Џафер, Фиц Студени Нозе, Венко Серафимов, Леа, Дупер во придружба Баги Биг Бенд

(влез слободен, подигнување билети на билетара на Универзална сала и МКЦ)

20:30 театарска претстава - Парк Ибни Пајко

„ГА__2m__ЛЕБ“ (според „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов) - испитна претстава на студентите на

22:00 концерт - Парк Ибни Пајко

Зулу 3.4 - современ џез, музички концерт

23:00 концерт - Парк Ибни Пајко

Кабадајас - современ џез, музички концерт

22:00 перформанс - Парк Ибни Пајко

Food art Performance & Graphic lighted prints, Боттега Евенти

20:30 мултидимензионален перформанс - МСУ

„Градот Убав“, поетски перформанс, придружен со пијано и изложба на мурали, Горазд Кени, Филип Димишковски и Андреј Павлов

21:00 музичко - драмски перформанс - МСУ

„Боите во ноќта“, Ема Поповода и Ивана Павлаковиќ

22:30 концерт - МСУ

„Урбана Симбиоза“ - Тринити стрингс

20:00 изложба - ГТЦ

Групна изложба на 4 млади уметници, членови на ДЛУМ

20:00 концерт - ГТЦ

„AVP Project“ - one man show, Антоние Весковски

21:00 концерт - ГТЦ

ДУО Кларинети: Ѓоревски - Бакревски

20:00 поетско читање Библиотека Браќа Миладиновци

Поетско читање на новата генерација современи македонски поети

19:00 урбана интервенција - Архитектонски факултет

„URBAN SNAKE EXPIRIENCE“ - crowdfunding кампања, проект за интервенција во дворот на студентски дом Гоце Делчев

20:30 филмска проекциja - Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје

филмска проекција на: „Лејдиб'рд“ (режија Грета Гервиг) и „Американската историја ИКС“ (режија Тони Кеј)

20:00 изложба - Даут Пашин Амам

Ввидеа од Колекцијата и одделните дела на авторите во сопственост на Национална галерија на РСМ

„Карантински дневници“ - видеа на авотите изработени во текот на изолација од Ковид-19

21:00 оперски концерт плато на - НОБ билети на билетара на НОБ

Концерт на првенката на НОБ, сопранот Славица Петровска Галиќ, со гости солисти, нејзини студенти низ годините

19:00 - 00:00 уметничка инсталација - Парк Ибни пајко

Светлосна инсталација, автори: Андре Ѓеоргиевски и Ана Трајковска

19:00 - 00:00 уметничка инсталација - Парк Ибни пајко

Уметничко инсталација, автор: Перо Кованцалиев

20:00 изложба - АРТ ХAБ

Групна изложба во АРТ ХАБ на уметници - членови на ДЛУМ




Спонзорирани линкови

Маркетинг