Ѓоковиќ „на столб на срамот“ поради 10 евра: Организаторот на турнирот се посрамотил, а новинар открил сè

Точка

22/09/2020

23:14

13.452

Големина на фонт

а а а

Организаторите на турнирот во Рим можеле да се претстават како „добри луѓе“, но наместо тоа се претставиле како нешто целосно спротивно.

Што всушност се случило што предизвикало толкаво внимание во јавноста? Не станува збор за некаков погрешен потег на турнирот - туку станува збор за пари.

Имено, Новак по петти пат го освои турнирот во Рим, а поради тоа треба да добие 205.200 евра.

А, тоа е само 20 отсто од вкупната награда која што просечно ја носи победникот на турнирот, поради пандемијата коронавирус, сепак проблемот настанал кога сето тоа било споредено со сумата пари која што ѝ била исплатена на Симона Халеп која што славеше во женска конкуренција.


Таа, верувале или не добила „само 10 евра“ помалку, а многумина овој потег го оцениле како потценувачки.

Со години играчите се борат да имаат еднакви парични награди како и нивните колеги, а токму кога изгледало дека проблемот е решен, челниците на Вечниот град одлучиле да преземат ваков чекор.


Овој потег особено го поттикнал новинарот на „NYT“, Бен Ротенберг:

„Урнебесно е да си во Рим, турнирот кој што не доделуваше еднаква сума пари, а сега истите тие дојдоа до доделување на речиси иста сума пари на шампионите, но денеска одлучија да ја намалат женската награда за 10 евра, за да ја сочуваат „машката чест“ - напишал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг