Верувате ли дека таа има 55 години? Изгледа совршено!

Точка

22/09/2020

18:40

4.554

Големина на фонт

а а а

Актерката и манекенка Бруки Шилдс (55), сè уште ужива во сончевите денови. На својот Инстаграм профил споделила фотографија во жолто бикини, па ја покажала својата совршена линија.

Манекенката има фитнес рутина што очигледо се гледа и на фотографиите. Откако започна пандемијата, таа тренинзите ги прави дома, а со својот личен тренер Нгом Окфро организирала и Инстаграм тренинг во живо.

Тие секоја седмица се фокусираат на некој дел од нивното тело, вклучувајќи ги рацете, стомачните мускули како и нозете.

Нивните тренинзи за долниот дел од телото вклучуваат и вежби со топка со цел да се формираат совршени стомачни мускули како и да се изгуби дел од вишокот килограми.

Шилдс своевремено изјавила дека обожува да ги споделува своите фитнес „патувања“ на социјалната мрежа Инстаграм.

„Никогаш не ме нарекувале фитнес ентузијаст, но споделувањата на тренинзите по пат на социјалните мрежи и советувањето на другите луѓе навистина го ценат.

Тоа ми помогна да се чувствувам здраво и одговорно и да продолжам со моите тренинзи. Им препорачувам на сите во одреден дел од денот да вежбаат, тоа носи чувство на контрола“ - изјавила Шилдс и додала дека во педесеттите години од својот живот се чувствува подобро од кога и да е.




Спонзорирани линкови

Маркетинг