"Спутник V" не предизвикува алергиски реакции кај доброволците

Точка

22/09/2020

17:46

1.912

Големина на фонт

а а а

Вакцината "Спутник V" против коронавирусот, која моментално клинички се испитува, до денес не предизвикала алергиски реакции кај доброволците, им рекол денес на новинарите директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија "Гамалеј", Александар Гинтсбург.

"Меѓу нашите доброволци во текот на првата и втората фаза нема алергиски реакции, а меѓу 2.500-те жители на Москва кои беа вакцинирани како доброволци, исто така нема случај со алергиски реакции", рекол тој, пренесува "Tass". 

Гинтсбург додал дека пробните серии на вакцината "Спутник V" веќе се испорачани во сите руски региони.

Според неговите зборови, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија "Гамалеј" развива протокол на истражување на вакцината против коронавирус и за пациенти со канцер.

Гинтсбург објаснил дека пациентите кои имаат канцер користат лекови кои го сузбиваат размножувањето на клетките, па за нив вакцинацијата може да предизвика контра индикации.

"Не затоа што ќе направи нешто негативно, туку затоа што нема да функционира", рекол тој.

"За да се изгради имунитет, неопходно е имуните клетки да се размножуваат", додал Гинтсбург.




Спонзорирани линкови

Маркетинг