Жешки наслови од регионот: Најголем број увезени случаи на коронавирус во Македонија дошле од Албанија, Света Гора пред карантин - голем број на заразени монаси

Точка

22/09/2020

16:42

1.819

Големина на фонт

а а а

Бугарски член на комисијата им се закани на Македонците - Aко ја навредувате Бугарија веќе нема да бидеме братучеди, сеизмолозите во Хрватска предвидуваат страшен земјотрес...Ова се жешките наслови од регионот.

Србија 

1. Гренел: Договорот што го потпишаа Србија и Косово ќе отвори нови работни места во регионот

2. Во Србија 61 нов случај на коронавирус, нема починати

3. Српското Министерство за одбрана ги тргнало од сајт сите вести од пред доаѓањето на Вулин

4. Во Карловац се одржа комеморација за убиени војници на ЈНА

5. Д-р Тиодоровиќ: Секој што ќе се вакцинира против грип, има помалку шанси да фати корона

Грција

1. Стајкурас: Грчката економија може да издржи втор целосен карантин

2. Света Гора пред карантин - ВРИЕ ОД ЗАБОЛЕНИ МОНАСИ

3. Со хеликоптер спасени шест лица заглавени во грчко планинско село од невреме

4. Дендиас: Турција да даде опипливи знаци на почитување на меѓународното право

5. Вториот бран зема голем замав во Грција, рекордна бројка на новозаразени

Албанија

1. Најголем број од увезените случаи на коронавирус во Македонија влегле од Албанија

2. Заедничка седница на владите на Албанија и Косово в петок во Скадар

3. Албанија стана дел од "COVAX"

4. Фатени шверцери на дрога во Елбасан

5. Судии од Драч прогласени за виновни за корупција

Бугарија

1. Каракачанов понуди оставка, се премисли и ја повлече, па пак се пишмани

2. Бугарски член на комисијата им се закани на Македонците: Aко ја навредувате Бугарија веќе нема да бидеме братучеди

3. Брунбауер: Историчарите во Скопје го имаат истото право да пишуваат глупави работи како и оние во Софија

4. Проф.Велев: Идејата за евроинтеграции Бугарија ја претвора во геноцид врз македонскиот народ

5. Бугарија подготвена за разговори за отворените прашања, Османи вели се договара датум

Хрватска

1. Јадранско Море: Две водени торнада кај хрватскиот остров Млет

2. Во Хрватска регистрирани 144 нови случаи на Ковид-19

3. Американска понуда за Хрватска за 12 борбени авиони „Ф16“ за 1,4 милијарди долари

4. Илегалната миграција тема на средбата меѓу Спасовски и хрватската амбасадорка

5. Сеизмолозите предвидуваат 30 пати посилен земјотрес од оној во март во Загреб

Црна Гора

1. Во Подгорица утре конститутивна седница на новиот црногорски Парламент

2. До крајот на следната година ќе знаеме дали има нафта на Јадранот

3. Третина од тестираните за Ковид-19 се позитивни

4. Ѓукановиќ: По изборите сите имаат причина за задоволство

5. Поради епидемиолошката ситуација, Црна Гора не може да смета ни на пост сезона во туризмот

Словенија

1. Во Словенија ќе се реорганизираат болниците како при првиот бран од ковид-19

2. Јанша ги повика болниците да се вратат на моделот на работа од пролетоска

3. Во Словенија 88 новозаболени, загрижувачки број на хоспитализации и пациенти на интензивна нега

4. Кацин: Не се очекува Хрватска наскоро да биде на зелената листа на Словенија




Спонзорирани линкови

Маркетинг