Инстаграм профил нуди инспирација за секојдневни фризури готови за 3 минути

Fashionel.mk

22/09/2020

16:19

2.135

Големина на фонт

а а а

Колку пати ви се случило да си кажете дека не знаете што веќе да ѝ направите на косата, бидејќи ви е здодевно веќе да ги правите истите фризури?

Ние најдовме еден инстаграм профил, кој може да ви биде инспирација. Со оглед дека често сме во трка со времето, не секогаш можеме многу време да ѝ посветиме на косата. Затоа, жените бараат брзи и практични решенија дури и кога е фризурата во прашање. 

Е токму такви се и фризурите кои ќе ви ги презентираме во продолжение. 

Без многу труд, со ластиче или различни шноли и штипки за коса, можете да изгледате интересно и средено. 

Понекогаш не ви треба ништо посебно, освен идеја :). Без разлика на тоа каков тип коса имате, можеби меѓу фотографиите во продолжение ќе ја најдете фризурата што ќе ви се допадне и ќе ви одговара, па ќе ја примените уште утре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг