Сцени како од пеколот: Во Калифорнија беснеат масивни пожари...

Точка

22/09/2020

11:09

1.059

Големина на фонт

а а а

Над илјада објекти се во опасност од големиот шумски пожар кој зафати ниско и високостеблеста шума северозападно од Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија.

Пожарот се движи со брзина од 3 километри на час и загрозува и населба во пустината Мохаве, откако веќе го помина падинскиот дел на долината Антилоп кај планината Сан Габриел.

Во пожарот кој изби на 6-ти септември уништени се или оштетени најмалку 29 куќи и други објекти, вклучувајќи и некои во областа на брдото Џунипер.


Пожарникарите се борат и против огнената стихија недалеку од планината Вилсон над Лос Анџелес. На територијата на американската сојузна држава моментално беснеат повеќе од 20 пожари, вклучувајќи ги петте најголеми во историјата на Калифорнија.

Гувернерот на Калифорнија, Гејвин Њусам изјави дека во пожарите биле уништени повеќе од 14,500 метри квадратни и дека се евакуирани најмалку 23 илјади луѓе. Според прелиминарните податоци, во Калифорнија се уништени околу 6,400 објекти.


Од почетокот на годината во Калифорнија избиле неверојатни 7,900 пожари во кои животот досега го загубија 26 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг