Шведски државјанин пронајден починат на скопскиот аеродром

Макфакс

20/09/2020

16:47

3.549

Големина на фонт

а а а

Шведски државјанин вчера бил пронајден починат на скопскиот аеродром.

Според информациите на МВР, вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Меѓународниот aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска. 

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг