Ова необично стампедо ја чува планетата: Наместо пестициди, јато од 10.000 патки ги јаде штетниците

Точка

20/09/2020

14:12

8.487

Големина на фонт

а а а

По жетвата на ориз во овој дел во централен Тајланд, јато од околу 10.000 патки се ослободува на фармите и инстинктивно брза кон полињата да јаде штетници како полжави кои се кријат во нив.

Овој начин на одгледување патки во областите каде се сади ориз е традиција веќе подолго време. Тајланѓаните го нарекуваат „полски јуриш на патки“. 

Патките се носат на нивите по 20 дена во фарма и ќе се огледуваат во движење во наредните неколку месеци.


По слободното лутање низ полињата околу 5 месеци, патките ќе се вратат на фармата каде во наредните неколку години ќе несат јајца.

„Придобивката од овој вид одгледување е во тоа што ги намалуваме трошоците за хранење на патките“, вели Апиват Чалермклин, одгледувач кој ја наследил работата од неговиот татко.

„Истовремено, одгледувачите на ориз немаат трошоци за хемикалии и пестициди, затоа што природата прави се сама“, додал тој.

Но, тука не е крајот на придобивките од патките. Натопените полиња со ориз остануваат добро згазени по ова стампедо, така што тие полесно се изоруваат, но и добро се наѓубрени за време на „гозбата на патките“.

Многу штетници како инсекти и полжави, патките ги јадат со сласт за една недела на површина од околу 676 хектари.

Овој едноставен и природен начин, кој ги комбинира интересите на одгледувачите на живина со одгледувачите на ориз, што е традиција во оваа област, сега служи како одличен пример за земјоделците кои сакаат да се свртат кон поприроден и поздрав начин на производство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг