Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Лондон, уапсени 32 лица: Британците бесни поради новите мерки на Џонсон

Точка

20/09/2020

14:17

3.185

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Лондон вчера се судри со учесници на протестот против рестриктивните мерки кои имаат за цел да го спречат ширењето на коронавирусот, што довело до апсење на 32 лица.

Протестот беше предизвикан од изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува за тоа дали повторно да се воведат одредени мерки низ цела Англија, пренесува „Ројтерс“. 


На протестот на плоштадот Трафалгар се собрале повеќе од 1.000 луѓе, а дошло до немири кога полицијата се обидела да ги растера демонстрантите.

Учесниците на протестот носеле транспаренти на кои пишувало „Слобода – не страв“ и „Измама“ а на полицајците им довикувале „Избери страна“.


Полицијата им наредила на демонстрантите да се разидат, наведувајќи дека протестот ги доведува во ризик другите членови на јавноста.

Еден од очевидците на британската агенција рекол дека неколку стотина луѓе останале на плоштадот. „АП“ додава дека демонстрантите подигнале блокада за да ја спречат полицијата да апси, како и дека сообраќајот бил блокиран.


Велика Британија претходно оваа недела забрани групирање на повеќе од 6 лица во обид да го спречи наглиот пораст на бројот на заразени со Ковид-19. Во оваа земја се потврдени повеќе од 390.358 заразени, додека починаа 41.759 лицa.



Спонзорирани линкови

Маркетинг