Не сите Викинзи биле Скандинавци: Научниците откриле неколку новитети за некогашните сурови воини

Точка

20/09/2020

13:00

2.733

Големина на фонт

а а а

Секвенционирањето на остатоците од ДНК на Викинзите покажува дека можеби не биле сите Скандинавци, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието „Nature“.

Мултинационален тим предводен од универзитетите во Кембриџ и Копенхаген анализирал 442 скелети на Викинзи, односно Нормани погребани ширум Европа и Гренланд и откриле дека „викиншкиот идентитет не бил ограничен само на лица со скандинавски гени“. 

Водичот на истражувањето, Еске Вилерслев, вели дека анализата сугерира „значителен генетски увоз“ во Скандинавија од Јужна Европа и Азија пред почетокот на периодот на Викинзите, поврзан со 793-та година и норманската инвазија на манастир во Линдисфарн на британскиот северен брег.


Во текот на следните три века, „скандинавската дијаспора воспоставила трговски локации и градови од американскиот континент до азиските степи“.

На тоа огромно подрачје Викинзите ширеле идеи, технологии, јазик, верувања и вештини, вели Сорен Синдбек, археолог во музејот Моесгард во Данска.

Викинзите кои извршувале сурови напади ширум Западна Европа и тргувале со робови на подрачјето на денешна Русија и Блискиот исток, го основале Даблин, ирската престолнина, го дале своето име на Француска Нормандија и кон крајот на 9 век помогнале во воспоставувањето на Киевска Русија.


Ваквите достигнувања можеле да предизвикаат воодушевување и имитирање, иако викиншката безмилост влевала страв низ цела Европа.

Според научниците, скелетите во Шкотска „закопани со мечеви и други викиншки симболи не покажуваат знаци на мешање на гените со Скандинавците“, што покажува „поинаква страна на односот од грабежите и разорувањата на Викинзите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг