Мачка пристигнала во семејство со 3 кучиња, набрзо започнала да се однесува како нив

Точка

19/09/2020

15:44

5.763

Големина на фонт

а а а

Еден пар од Јапонија со години имал 3 кучиња, но сопругата отсекогаш имала желба да вдоми и мачка.

„Причината зошто сакав да го проширам нашето семејство со мачка, а не со уште едно куче, е прилично едноставна: претходно имав мачка и посакував повторно да имам“, изјавила сопругата за „Bored Panda“. 

„Но, кога на сопругот му кажав дека сакам мачка, дознав дека тој не е голем љубител. Инсистирав, но секој пат ја одбиваше мојата идеја. Меѓутоа, по некое време успеав да пронајдам мачка која нѝ се допаѓаше и на двајцата. Исто така барав мачка која добро се согласува со кучиња“, објаснила сопругата.

Мачката Кики веднаш се вклопила во друштвото на трите кучиња и набрзо започнала да се однесува како нив.

„Ги одведовме нашите миленици на забава и едно куче започна да ѝ лае на Кики. Едно од нашите кучиња веднаш скокна за да ја одбрани, а тогаш сфатив дека станале вистински пријатели“, изјавила сопругата.

Нивните заеднички фотографии, парот постојано ги објавува на Инстаграм, а луѓето се воодушевени од ова необично пријателство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг