Фројдов тест на личноста: Трае неколку минути, а открива многу за вас

Точка

19/09/2020

15:29

6.001

Големина на фонт

а а а

Сигмунд Фројд е еден од најценетите, но и најконтроверзни научници на 20-от век.

Во текот на неговиот живот едни го сметале за шарлатан, а други за генијалец. Коко Шанел го нарече „првиот маж феминист“, а две работи ја одбележале неговата кариера – разоткривање на мистеријата за човечкиот сон и „пронаоѓање“ на клучот на потсвеста. 

Еве го неговиот интересен тест. Пред вас се наоѓаат неколку прашања, а најважното правило е да дадете искрени одговори. Не размислувајте премногу – одговорете го она што прво ќе ви падне напамет.

Можете да дадете исти одговори на различни прашања. Не преминувајте на следното прашање додека не одговорите на претходното. И да … не ѕиркајте во резултатите.

Прашања:

1. Гледате во морето. Кое е вашето прво чувство?

2. Одите низ шума и гледате во стапалата. Што чувствувате? (времето на одговор е до 30 секунди)

3. Гледате лет на галеби. Што чувствувате?

4. Гледате стадо коњи. Напишете што чувствувате, не размислувајте долго …

5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор зад кој се наоѓа оаза. Што ќе направите?

6. Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода. Што правите?

7. Изгубени сте во шума. Веќе се стемнува. Гледате куќа со осветлен прозорец. Што ќе направите?

8. Се наоѓате во магла. Како ќе се однесувате, што ќе направите?


.

.

.

.

.

Одговори:

1. Вашиот став кон животот, емоциите, чувствата.

2. Како се чувствувате во вашето семејство.

3. Вашиот однос кон жените.

4. Вашиот однос кон мажите.

5. Вашата основна животна стратегија, цел. Како ги решавате вашите проблеми.

6. Вашиот сексуален живот. Изборот на партнер.

7. Вашата подготвеност за брак. За оние кои веќе се во брак – вредноста на бракот.

8. Вашиот однос кон смртта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг