Михајловиќ: Ќе умрев ако не ми дадоа да се вратам на клупата

Макфакс

19/09/2020

14:14

2.244

Големина на фонт

а а а

Синиша Михајловиќ вели дека „ќе умрел“ ако не му беше дадена пауза од третманот за леукемија за да се врати на клупата на Болоња минатото лето.

На српскиот тренер му беше дијагностицирана леукемија во јули 2019 и комуницираше со својот тим преку телефон или видео-врска од неговата хотелска соба. По првата тура хемотерапија тој беше доволно стабилен лекарите да му дозволат да биде на клупата на првиот меч од Серија А на стартот на сезоната 2019/20 на „Бентегоди“.

„Ако тој ден, на 25 август против Верона не бев на клупата, ќе умрев. Иако бев многу слаб, морав да покажам сила, дека сум човек кој се бори. Секогаш ќе му бидам благодарен на донаторот на коскена срж. Не знам кој е, но ми го спаси животот“, вели Михајловиќ.

Србинот исто така пропушти поголем дел од пред-сезоната ова лето, откако доби КОВИД-19, но вели дека помина со мали симптоми.

„Кога ќе поминеш преку леукемијата, искрено тешко е да бидеш исплашен. Како кога ќе поминеш преку војна, што може да те исплаши? Да добиев КОВИД во февруари или март, кога ми беше ослабен имунитетот ќе беше опасно, но сега сум силен“, додава Михајловиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг