НАСА осмислила интелигентен состав кој може самостојно да спушти летало на било која планета

Точка

19/09/2020

10:24

3.294

Големина на фонт

а а а

Благодарение на камерите, ласерите и силниот компјутер, леталото добило вештачки очи и мозок.

Научниците на НАСА развиле нова технологија која би требало да обезбеди посигурни и попрецизни слетувања на леталата на други планети. Како што истакнале при претставувањето на проектот, слетувањето на било која планета е ризичен потег бидејќи од огромна далечина тешко се управува со леталото. Треба да се земат во предвид атмосферските прилики, но и конфигурацијата на теренот. 

Затоа осмислиле технологија која би требало да обезбеди сигурно слетување на леталата без асистенција на пилот. Технологијата се состои од комбинација на ласерски сензори, камери, брзи компјутери и софистицирани алгоритми, кои на леталото му даваат своевидни вештачки очи и мозок, за брзо да го сними и анализира потенцијалното место за слетување. Благодарение на оваа технологија, леталата ќе ја преземаат контролата при слетувањето и на тој начин ќе им ја олеснат мисијата на астронаутите.

Секое планетарно тело има свои единствени услови. Затоа овој состав е дизајниран да го интегрира слетувањето на леталата на било која планета или сателит, истакнал Рон Состариц од НАСА.

Три од четирите клучни компоненти на оваа нова технологија, која во НАСА ја нарекле "SPLICE", би требало да се тестираат во текот на мисијата "Blue Origin". Четвртата компонента ќе се тестира во некоја идна мисија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг