Пироман во Орегон немал шанса! Американка го затекнала на својот имот, земала пиштол и решила сè за неколку минути

Точка

18/09/2020

22:22

5.376

Големина на фонт

а а а

Жена од Орегон го вперила своето оружје во осомничен пироман и го принудила да легне на земја откако го пронашла на својот имот со кибрит, покажуваат драматичните видео снимки.

"Што правиш на мојот имот? Дали нешто запали?" извикува Кат Каст додека во една рака држи пиштол, според снимката која е објавена на Фејсбук. 

Кога неидентификуваниот маж одговара дека само минувал, од него побарала да одговори зошто држи кибрит.

"Пушам", одговара тој, на што Каст бара да ги види неговите цигари. Тогаш мажот признава дека нема. Жената го држела на под додека не пристигнала полицијата.

До инцидентот дошло по интензивните шумски пожари кои и натаму продираат низ таа сојузна држава и други делови на западниот брег, а чадот од пожарите допирал и до Европа.

"Ако треба да го повторам ова за да го заштитам своето семејство и соседите, повторно ќе го направам, освен што овој пат нема да бидам добра како сега", напишала Каст во описот на видеото.

Одбила понатаму да го коментира инцидентот.

"Нема да го доведам своето семејство во опасност кажувајќи повеќе од тоа што треба", напишала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг