Кога се раѓаш во авион, се знае - леташ бесплатно целиот живот

Точка

18/09/2020

18:03

4.098

Големина на фонт

а а а

Бебето кое е родено во авион на компанијата "Egypt Air", за подарок добилo бесплатни карти за патување со авион во текот на целиот живот.

Од компанијата "Egypt Air" најавиле дека на девојчето кое е родено на летот “MC777” ќе му доделат доживотни авио карти за нивните летови. 

Жената од Јемен, Хаим Наср Наги Дабан, родила девојче во вторникот со помош на екипажот на авионот.

Капетанот на авионот, кој тргнал од Каиро кон Лондон, одлучил итно да слета во Минхен по известувањето дека Дабан чувствува изненадни, неочекувани болки, додека авионот минувал во близина на германскиот воздушен простор.

И покрај тоа што било побарано слетување по итна процедура, жената се породувањето завршила кратко пред авионот да слета во Минхен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг