Полицаецот занемел: Возач спиел додека неговиот Tesla автомобил „летал“ со 150 км/ч

Точка

18/09/2020

15:07

3.613

Големина на фонт

а а а

Канаѓанец кој се наоѓал на возачкото место е обвинет за опасно возење затоа што спиел додека неговиот автономен Tesla Model S се движел низ автопат со голема брзина.

Локалната полиција чии припадници го сопреле возилото, соопштија дека двете предни седишта биле целосно спуштени, а возачот и совозачот очигледно спиеле кога патролата го забележала автомобилот.

Откако полицајците ги вклучиле ротациските светла, другите автомобили на автопатот се тргнале на страна, по што Tesla Model S автомобилот забрзал. На крајот бил сопрен, а 20-годишниот возач е обвинет за опасно возење.


„Никој во тоа возило не гледаше низ ветробранското стакло да види каде оди автомобилот. Навистина изгледаше како да нема никој во автомобилот, а возилото забрза затоа што сообраќајната лента напред беше празна“, изјави полицаецот Дари Турнбул за "CBS News" и додаде:

„Во полицијата работам повеќе од 23 години и тоа воглавно во спроведување на законот во сообраќајот, но овојпат занемев. Никогаш претходно не сум видел нешто слично, но секако ниту технологијата не беше како што е на денешно ниво“, додаде тој.


Автомобилите на Tesla моментално поседуваат автопилот од второ ниво кое бара возачот да биде буден, внимателен и подготвен да го преземе управувањето со воланот. Првиот човек на компанијата, Илон Маск изјави дека неговите возила ќе бидат целосно автономни со минимална интервенција на возачите.

Меѓутоа, Маск додаде дека постојат „многу мали проблеми“ кои би требало да бидат решени во реалните услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг