„Сали“ го опустоши југоистокот на САД: Уништени куќи, патишта и мостови...

Точка

18/09/2020

09:37

1.866

Големина на фонт

а а а

Ураганот „Сали“ продолжи да беснее на југоистокот на САД и во текот на вчерашниот ден, притоа убивајќи најмалку едно лице, уништувајќи мостови, патишта и предизвикувајќи прекин на електричната енергија кај стотици домаќинства.

„Сали“ донесе обилни дождови и поплави во сојузните држави Флорида, Алабама и Џорџија.

Ураганот најсилно го погоди заливскиот брег на Алабама рано во средата со ветрови од 168 километри на час, усмртувајќи едно лице, додека пак пријавено е исчезнувањето на уште најмалку едно лице.

Пенсакола на Флорида е погодена од големи поплави, а уништени се бројни патишта и мостови. Околу 433 илјади домови и компании во Алабама, Џорџија и Флорида останаа без електрична енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг