Тачи ќе му додели на Трамп „Орден на слободата“

Макфакс

18/09/2020

09:18

1.364

Големина на фонт

а а а

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и Србија да постигнат договор за нормализирање на економските односи, објави Ројтерс, повикувајќи се на писмото на косовскиот претседател Хашим Тачи до шефот на американската држава.

Косовскиот претседател Хашим Тачи го известил Трамп дека ќе добие косовски медал „Орден на слободата“, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека имал увид во писмото на Тачи до шефот на Белата куќа. 

Двајца соработници на Трамп, советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан и американскиот пратеник за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ќе добијат претседателски медал за заслуги.

Како дел од договорот постигнат на почетокот на септември во Белата куќа, Косово и Србија се согласија да работат на економски врски.

Во своето писмо до Трамп, изразувајќи „длабока благодарност“ за неговиот „личен придонес во посредувањето на договорот“, Тачи го покани американскиот претседател да го посети Косово, наведува Ројтерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг