Сите му се смеат на Бајден поради оваа снимка: Мавта по излегувањето од авионот - но на кого?

Точка

16/09/2020

18:17

2.535

Големина на фонт

а а а

Некои баш се потрудиле да откријат кого тоа Бајден поздравува.

На социјалните мрежи се појавила снимка на која се гледа како демократскиот кандидат за претседател на САД , Џо Бајден, излегува од авион и мавта некому, само што од другата страна - нема никој. 

Бајден станал предмет на потсмев на социјалните мрежи поради оваа снимка.

Имено, на неа се гледа како Бајден излегува од авион, покажува со прстот кон некого, мавта и се смее. Меѓутоа, како што тврдат корисниците на Твитер, проблем е што преку патот нема никој од неговите симпатизери, освен неговото обезбедување.

"Стар трик на Хилари. Покажува, мавта, се смее. Таму нема никој. Тотална политичка глупост", напишал корисникот кој го споделил видеото.

Уследила лавина од урнебесни одговори на оваа социјална мрежа.

Меѓутоа, имало и такви кои се обиделе да откријат на кого Бајден мавал, па зумирале и виделе група пожарникари кои стоеле на другиот крај на пистата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг