Лукашенко: Западот десет години ги подготвуваше актуелните случувања во Белорусија

Точка

16/09/2020

18:41

1.638

Големина на фонт

а а а

Западот, на чело со САД, десет години ги подготвуваше денешните протести во Белорусија, изјавил претседателот на републиката Александар Лукашенко.

"Ајде веднаш да ги тргнеме маските и да ги именуваме тие играчи. На ниво на глобални центри, тоа се, пред се, САД, конкретно нивната мрежа на фондови за поддршка на демократијата", рекол Лукашенко пренесува агенцијата "BelGa". 

Тој нагласил дека во Европа на тоа работеле нивните сателити: Полска, Чешка, Литванија и Украина.

"Јасно ги гледаме субјектите на овој процес, нивните лидери и помагачи. Тактиката на организаторите е правена по класичен американски учебник на обоени револуции", рекол Лукашенко.

Претседателот на Белорусија се потпрел на разбирањето на старата Европа и претпоставува дека Европската унија ќе "се воздржи од своите премногу ревносни периферии".

"Последните години се одвикнавме од непријателските политики на нашите соседи. Но, нивната антибелоруска суштина целосно се манифестираше. И повеќе од тоа...дојде до напад на нашиот суверенитет, па дури и територијален интегритет", рекол белорускиот лидер.

Реформирање на избирачкото законодавство

Лукашенко додал дека е неопходно да се реформира избирачкото законодавство во Белорусија.

"Неопходно е да се подобри нашето избирачко право. На претседателските избори, на парламентарните избори се откриени бројни пукнатини кои ги користат несовесните кандидати и нивните помошници, истакнал белорускиот лидер".

Тој додал дека половина година пред претседателските избори во Белорусија, на парламентарните избори биле тестирани технологии за дестабилизации. Претседателот предложил ново ниво на интеракција со општеството.

Исто така ги обвинил независните медиуми и профилите на "Телеграм", бидејќи правеле се да ја уништат довербата на народот во државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг