Добро погледнете ја познатата слика: Лекарите тврдат дека на неа е прикажана најстрашната болест на денешницата

Точка

16/09/2020

22:49

13.227

Големина на фонт

а а а

Рембрант ја насликал една од неговите најпознати слики „Bathsheba at Her Bath“ („Батшеба во нејзината бања“) инспириран од неговата долгогодишна љубовница Хендрикје Стофелс. Сепак, иако ова дело го виделе милиони луѓе, благодарение на современата медицина е откриено нешто необично на него.

Благодарение на медицината на 20-от век, на градите на љубовницата на Рембрант била откриена необична и злонамерна точка. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да имала рак на дојка? 

Во 1967 година, еден италијански хирург го посетил музејот „Рајкс“ во Амстердам. Таму за првпат го видел славното дело на Рембрант кое било позајмено од парискиот „Лувр“. Хирургот веднаш забележал безбојна точка на левата дојка и нешто што наликувало на оток на делот под пазувот. Со други зборови, станува збор за класичен симптом на карцином на дојка кој во 17-от век бил целосно непознат.


Теоријата дека Хендрикје имала злокобна болест во периодот кога Рембрант ја насликал, била поддржана и од двајца австриски хирурзи во 80-те години на минатиот век.

Славниот уметник го завршил делото „Bathsheba at Her Bath“во 1654 година. Тогаш веќе долги години живеел со Хендрикје, но парот не можел да стапи во брак поради заветот во тестаментот на првата сопруга на Рембрант, која починала скоро една деценија порано.

Истата година кога е создадено делото, Хендрикје ја родила ќерката Корнелија. Оние кои ја оспоруваат теоријата дека во тоа време немало карцином, како контра-аргумент за необичниот изглед на нејзините гради ја навеле токму исцрпеноста по породувањето и доењето. Уште еден аргумент кој ја оспорува теоријата за карцином е фактот дека Хендрикје починала 9 години подоцна. Иако точната причина за смртта не е позната, таа година чумата го погодила Амстердам, па се претпоставува дека „црната смрт“, а не карциномот, го одзел животот на оваа дама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг