Влезете во светот на ЗОО Скопје преку екранот на вашиот смартфон!

Точка

16/09/2020

12:44

2.364

Големина на фонт

а а а

Дивиот свет на скопската зоолошка градина може да направи во еден момент да се чувствувате како да сте на сафари во Африка, а веќе во следниот да се најдете очи в очи со австралискиот брадест змеј, добивајќи впечаток дека ги посетувате бескрајните песочни пустини во Австралија.

Сигурно досега сте ја запознале нашата Зоолошка градина, но со новата апликација влезот во овој прекрасен свет на животни од сите страни на Земјината топка никогаш не бил полесен и позабавен. 

Мултинаменската мобилна апликација Skopje ZOO, која ја креираше Македонски Телеком е веќе во функција, а преку неа можете да уживате во едно сосема ново дигитално искуство.  


Запознајте ги подобро сите видови животни – со вчитување на QR кодот поставен пред секое живеалиште. Пребарувајте текстуални или аудио содржини, првенствено наменети за најмалите што сѐ уште не знаат да читаат. Без оглед дали се наоѓате дома, на пикник, или во самата Зоолошка градина, со Skopje ZOO дивиот свет ви е на дланка. 

Колку пати сте вртеле кругови за да го најдете живеалиштето на мајмуните, или фоките? Сега со дигиталната мапа целото семејство ќе може полесно да се ориентира и да ја најде оптимална рута за посета на омиленото животно.

И наместо да го поминете половина од времето резервирано за дружење со семејството во долгите редови пред билетарницата, купете билети онлајн и бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.  


Купете билети онлајн и преку веб на следнот линк: https://zooskopje.telekom.mk/.

Дигиталното искуство со ЗОО Скопје ќе ви даде еден нов, уникатен поглед на дивиот свет кој живее таму. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг