Апасиев: Ми се закануваат мене и на моето семејство поради објави на Фејсбук

Точка

16/09/2020

11:38

4.811

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание денеска се појави на распит во Обвинителството откако беа поднесени кривични пријави за говор на омраза на неговите објави на социјалните мрежи.

Апасиев изјави дека по објавите на социјалната мрежа „Фејсбук“ добивал закани за него и неговото семејство. Лидерот на Левица пред Обвинителството порача дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму.

Инаку, Мерсиха Смаиловиќ и Тања Милевска се подносителите на пријавата против Апасиев, а тој најави и контра-кривични пријави.

Предметот инаку се однесува на ширење расна и етничка нетрпеливост преку електронски систем.

Скопското обвинителство отвори предмет за фејсбук-статусите на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објавени ноќта по парламентарните избори, но и за други спорни објави за кои пристигнале пријави. Предметот се однесува на ширење расна и етничка нетрпеливост преку електронски систем.

„ОЈО Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“, соопшти тогаш Обвинителството.

Во статусот за кој од МВР го известиле обвинителството, претседателот на Левица напиша: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.

Ваквиот статус следуваше откако беше извесно дека тој како носител на листата во изборната единица 1, влегува во новиот парламентарен состав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг