Голем пожар на јадранско пристаниште: Се запалија неколку магацини...

Точка

16/09/2020

09:09

2.329

Големина на фонт

а а а

Голем пожар ноќеска изби на подрачјето на пристаништето на Јадранското море во италијанскиот град Анкона, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што може да се види на фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи, на лице место може да се види голем столб на чад и оган.

Засега нема пријавено жртви или повредени, а од противпожарната служба на Анкона за локалните медиуми изјавија дека пожарот избил околу 30 минути после полноќ.

Пожарот се проширил и зафатил неколку магацини, а на лице место пристигнале 16 пожарникари и неколку противпожарни возила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг