Домашен лек против затнување на артериите, појава на каменчиња и зајакнување на имунитетот: Ги убива сите инфекции во телото

Точка

15/09/2020

15:16

4.828

Големина на фонт

а а а

Овој природен лек ја спречува појавата на слободните радикали кои имаат бројни негативни ефекти врз организмот.

Денеска ви претставуваме одличен природен рецепт за лекување и превенција на затнати артерии. Исто така, тој е добар и за регулирање на покачените маснотии во крвта, за спречување општ замор на организмот, за спречување и лекување на инфекции и настинки, за интензивно зајакнување на имунитетот, за прочистување на црниот дроб и за подобрување на ензимите на црниот дроб. 

Овој природен лек ја спречува појавата на слободни радикали во организмот кои предизвикуваат тешки болести и низа други состојби поврзани со болести на срцето и крвотокот.

Потребни состојки:

- 4 цели големи главици лук

- 4 лимони со кора

- помал корен од ѓумбир (3-4 см)

- 2 литри чиста вода

Начин на припрема:

Добро измијте го лимонот, па исечете го на парчиња. Доколку станува збор за лимон кој не е органски односно доколку е прскан, тогаш третирајте го со мешавина од оцет и вода. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете го во блендер.


Изблендираната смеса ставете ја во метален сад, прелијте ја со 2 литри вода и загрејте ја до точка на вриење. Пред да зоврие смесата, исклучете ја ринглата и оставете да се излади.

Процедете ја низ средно густа цедалка и ставете ја во стаклени шишиња. Овој лековит напиток се пие секој ден по една чаша од 2 децилитри, најмалку 2 часа пред јадење, односно на потполно празен желудник. Напитокот чувајте го во фрижидер. 

Периодот на лекување трае 3 недели со секојдневно консумирање по една чаша, по што треба да направите пауза од една недела и потоа можете повторно да продолжите со консумирање во истиот циклус. Доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете малку мед. По 3 недели користење би требало да почувствувате значајна регенерација на телото.

Ваквиот напиток освен веќе наведените благодети е особено корисен и за спречување на калцификација во телото која предизвикува каменчиња во органите и затнување на крвните садови.

Комбинацијата на лимон и вода и варењето го неутрализира мирисот на лукот. Пред секое консумирање протресете го шишето со овој домашен лек за талогот од лимон и лук на дното да се помеша со сокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг