Фијаско на експерименталниот зелен проект: Зградите се претворија во џунгла...

Точка

15/09/2020

14:09

7.296

Големина на фонт

а а а

Експерименталниот зелен проект на стамбена населба во кинескиот мегаград Ченгду требаше на новите жители да им гарантира живот во зеленило со големи градини на балконите, но сето тоа го уништија - комарците.

Агенција за недвижнини соопшти дека сите 826 станови биле продадени до април оваа година, но наместо модерен еколошки рај, стамбените згради сега потсетуваат на сцена од некој постапокалиптичен филм.


Во становите досега се вселиле само десетина семејства, а многумина веднаш побегнале поради страв од зарази поради комарците кои се „населиле“ во градините на нивните балкони.


Блокот од 8 згради е изграден во 2018-та година, а секој балкон е замислен да осигура доволно простор за одгледување на билки. Но, со оглед на тоа што најголем дел од становите се празни, вегетацијата на балконите „полудела“, па така потенцијалниот „еко рај“ го претвори во џунгла на комарци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг