Колкав е имотот на македонските политичари: Апасиев купил нов стан, Муцунски има Ауди од 30.000 евра

Точка

15/09/2020

14:13

6.376

Големина на фонт

а а а

Државната контрола за спречување на корупција (ДКСК) објави имотен лист на некои од новите пратеници во Собранието.

Димитар Апасиев, лидерот на партијата Левица, на свое име пријавил стан од 60 метри квадратни во Скопје, кој е проценет на 3,9 милиони денари. 

На името на својата сопруга лидерот на Левица пријавил возило "Алфа Ромео" од 2007-ма година во вредност од 155.000 денари.

Апасиев пријавил и дека има кредит од 3,4 милиони денари, кој треба да го исплаќа до 2046-та година.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и секретар за надворешна политика на оваа партија, Тимчо Муцунски, во 2018-та година купил возило марка "Ауди", кое чини 1,75 милиони денари. На свое име Муцунски не пријавил недвижен имот.

Кандидатката за претседател на последните претседателски избори од таборот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пријавила дека има депозити во банка, едниот во износ од 55.668 евра и 3.508 на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.

Пратеничката на СДСМ, Марија Костадинова, довчерашна директорка на основно училиште во Миравци, пријавила имот на компанија во вредност од 19,2 милиони денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг