Aston Martin разви неверојатен тркачки симулатор кој чини 60 илјади евра

Точка

14/09/2020

20:21

1.578

Големина на фонт

а а а

Британската компанија Aston Martin во соработка со компанијата Curv Racing Simulators го разви тркачкиот симулатор AMR-C01.

Станува збор за врвен симулатор кој ќе се продава по цена од околу 60 илјади евра без пресметан данок. Компаниите кои го развија тврдат дека станува збор за врвен домашен симулатор изработен со карбонски елементи.


Од Aston Martin се пофалија дека станува збор за симулатор во кој позицијата на возачот е идентична како и кај нивниот хиперавтомобил Valkyrie.


Симулаторот AMR-C01 е рачно склопуван со користење на најдобриот хардвер, а базиран е на софтверот на играта Assetto Corsa со цел да понуди врвно искуство на тркање.

Симулаторот има некои дизајнерски карактеристики како кај автомобилите на Aston Martin, а во понудите ќе има неколку варијанти кога станува збор за изгледот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг