Една од најголемите тајни на Древен Египет можеби засекогаш ќе остане скриена, британски археолог објаснил и кој е виновен за тоа

Точка

14/09/2020

13:58

4.049

Големина на фонт

а а а

Египетската влада сериозно го забавува и попречува напредокот кон можеби едно од најголемите откритија во египтологијата, смета британскиот археолог, доктор Крис Наунтон.

И покрај оптимизмот кој го чувствувал пред неколку години за откритието на "големата празнина" во Големата пирамида во Гиза, британскиот археолог, доктор Крис Наунтон верува дека понатамошните истражувања на археолошки наоѓалиште и оневозможуваат на египетската влада да постави ограничувања и бирократски сплетки. Тоа е воедно и причината што се повеќе ентузијасти за Древен Египет повеќе не сакаат да му да вршат истражувања. 

За Големата пирамида во Гиза се верува дека е напрвена за Фараонот Куфу и дека нејзината градба траела 20 години. Неговото тело, меѓутоа, никогаш не било пронајдено во пирамидата.

Пред пет години започнал проектот "ScanPyramids", за да се овозможат неколку техники кои би го унапредиле разбирањето на историчарите околу тоа како Големата пирамида била конструирана пред 4.500 години.

Две години после тоа, археолозите направиле големо откритие, односно "Големата празнина" над главната галерија во пирамидата, а станува збор за просторија со должина од 30 метри.

После тоа откритие истражувањата практично престанале, а Наунтон смета дека до понатамошен напредок нема ни да дојде и дека содржината на пирамидата ќе остане скриена од очите на јавноста.

Подрачјето околу тоа е на големо истражено, постојат подрачја во Гиза кои уште не се темелно истражени, но не мислам дека тие подрачја ќе ни откријат нешто претерано големо, вели Наунтон.

Тој секако сака да ѕирне во таа огромна и неистражена празнина во пирамидата, но моментално на сила има премногу ограничувања, кои ги наметнала египетската влада.

Проблемот е во тоа што како и со аномалијата во гробницата на Тутанкамон - додека не влезете внатре, не можете да кажете ништо, вели Наунтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг