Ова е рецептот на Ајнштајн за среќа: Секое утро себеси поставете си го ова прашање – доколку одговорот е „да“, на вистинскиот пат сте...

Точка

09/09/2020

16:46

7.797

Големина на фонт

а а а

Алберт Ајнштајн ова нешто го нарекол најважниот збор во човековиот живот.

Што е првото нешто кое што го помислувате кога ќе се разбудите? Дали размислувате за работата која што треба да ја извршите тој ден, на мејловите на кои што треба да одговорите или пак за хартиите кои што се наоѓаат на вашата работна маса?

Или пак размислувате за работите кои што ве прават среќни? За бакнежот на вашето дете пред да тргне на училиште, за прегратките од вашите сакани луѓе кои што ги добивате кога ќе се вратат дома?

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Најважната одлука која што човек треба да ја донесе е таа според кој принцип сака да живее. Дали живее во пријателски или пак непријателски свет“.


Во кој свет вие живеете? Како го гледате светот? Сами треба да одлучиме, а таа одлука ја носиме секое утро.

Кога ќе се разбудиме треба да си го поставиме прашањето: Дали живеам во добар, пријателски свет?

Начинот на кој што ќе одговорите и ја гледате вашата околина, влијае на тоа како вашиот ден ќе започне.

Позитивното размислување прави вашите очи да блескаат, го исполнува човекот со енергија и среќа.

Доколку вашиот ден го започнете, верувајќи дека светот е добар, станувате помалку склони кон негативните реакции, односно дека работите ќе тргнат лошо.

Начинот на кој што го доживувате вашиот ден на почеток, влијае на количината добри работи кои што ќе ви се случуваат во текот на денот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг