Научниците открија што е заедничко за земјите во кои има најмала смртна стапка од Ковид-19 – ова е „живиот штит“, а сите го поседуваме дома...

Точка

03/09/2020

09:16

5.247

Големина на фонт

а а а

Француските научници дошле до заклучок дека во многу земји смртноста од Ковид-19 е пониска поради специфичностите на нивната национална кујна.

Истражувањето покажало дека одредена храна, доколку истата редовно се консумира, може да ја спречи веројатноста за продирање на вирусот во организмот, кaко и неговото деструктивно дејство.

Некои прехранбени производи имаат функција на „природен штит“ од вируси.

На пример во Иран стапката на смртност е висока, додека пак во Турција и Туркменистан е значително пониска.


Во Германија бројот на заболени и смртни случаи е понизок од нејзините најблиски соседи, а Јужна Кореја е лидер по овие показатели во нејзиниот регион.

Група од 25 научници на чело со професорот по пулмологија на Универзитетот во Монпелје, д-р Жан Буске (тој е поранешен претставник на СЗО), се обврзале да откријат што е заедничко во земјите со помал број смртни случаи.

Истражувачите ги пронашле како заеднички елементите на исхрана во тие земји.

Жителите на Турција, Грција и Бугарија редовно пијат јогурт и кефир, кои што претставуваат „жив штит“ против вируси.

Неочекувано, во Германија и Јужна Кореја се докажало дека користат редовна исхрана која што содржи кисела зелка, кисело млеко...


Според мислењето на професорот Буске:

„Откривме дека ферментираните млечни напитоци и киселата зелка можат да ја намалат активноста на ензимот ACE2 кој што коронавирусот го користи за продирање во клетките“ - изјавил тој.

„Јас го сменив начинот на исхрана. Сега јадам зелка три пати неделно и пијам кефир за доручек“ - додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг