Точка ТВ: 5 чудни работи кои ни се случуваат додека спиеме

Точка

26/08/2020

12:00

4.642

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш ви се случило да сонувате нешто, потоа се будите, но... Не знаете дали тоа е реалност или сонувате. Всушност, сте сонувале дека сонувате, односно сте сонувале дека сте се разбудиле.

Ова се најчестите чудни работи кои ни се случуваат додека спиеме:

1. Привид

Само што не сте заспале, а пред очите ви се ''менуваат'' чудни слики, најчесто застрашувачки. Ова најчесто се случува како последица на стрес или пак фантазија поттикната од некоја чашка алкохол.

2. Парализиран сон

Сигурно барем еднаш ви се случило, да се разбудите во текот на ноќта и да не можете да се помрднете? А, имате и чувство дека некој е тука покрај вас и дека ве набљудува...

Научното објаснување за сето тоа е тоа што кога спиеме нашето тело се опушта, а кога ќе се случи парализиран сон тогаш нашите мускули остануваат ''исклучени'' уште некое време додека мозокот не се разбуди.

3. Зборување во сон

Луѓето кои што зборуваат во сон, не се свесни за тоа. Оваа појава не е опасна по здравјето, но може да предизвика некакви проблеми - во смисла откривање на некаква тајна, на човекот кој што ви поставува прашања. Докажано е дека во тава состојба доколку некој ви постави прашање, вие ќе одговорите 100 отсто искрено.


4. Сон во сон

Дали некогаш ви се случило да сонувате нешто, дека се будите, но и понатаму не знаете дали тоа што ви се случува е реално? Тоа всушност значи дека сте сонувале дека сонувате, односно сте сонувале дека се будите.

5. Синдром ''експлодирачка глава''

Дали некогаш ви се случило да ве разбуди застрашувачка експлозија која што е проследена со зуење, но никој освен вас не ја слушнал? Тоа е така поради тоа што таквата експлозија сте ја доживеале во сон.

Ниту овој феномен не е опасен, но личноста која што го доживува најчесто многу се плаши.

Науката вели дека тоа се случува кога доаѓа до бран на невронска активност во регијата на мозокот задолжен за обработка на звукот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk